Цветен мај во H&M

11 мај 2020

Шведскиот гигант H&M реши оваа пролет да говори преку мотивирачки дискурс, користејќи ги цветните мотиви како основа во дизајнот на пролетните парчиња.

Па веќе може да насетите дек овој мај во H&M е шарен, разигран и полн со енергија.

Флоралните принтови и дезени се аплицирани на романтичните кошули и фустани, на панталоните и шорцевите, комбинирани со модни додатоци во пастелни бои.

Секако не е изоставен и џинсот што своето место го наоѓа во секоја варијанта.

Користени се лесни и пријатни материјали, што ја надополнуваат сликата на лелеава пролет во H&M.
Дел од изборот го издвојуваме во продолжение.

Фото: H&M

 

Објавено:
11 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.438 пати
Тагови: 
H&M пролет 2020