Да се подготвиме навреме: Стилска инспирација за дождливите денови

21 октомври 2019

Иако оваа есен ги уживаме во изобилство сончевите денови, сепак дождовите нема да изостанат. Затоа сега е вистинско време да се подготвиме за периодот на дождови што ни претстои.

Оваа сезона од годината секогаш ставаме акцент на квалитетните обувки и мантили, па многу често се застапени во „дождливите" аутфити.

Гумените чизми, како и оние до глужд или женствените чизми до под колена на дебела потпетица, речиси секоја есен добиваат своја нова верзија, но основниот модел останува секогаш актуелен.

PVC мантилите, класичните мантили во земјени тонови, како и оние со карирани дезени, се популарни модели есенва и често може да ги видите во комбинациите во актуелната улична мода, па може да ги имате во предвид кога ги осмислувате вашите комбинации за претстојниот период.

Во спој со овие парчиња одлично се комбинираат актуелните кожени кошули и здолништа, макси фустаните, фармерките, елегантните панталони со висок струк во комбинација со ролка – се дел од идеите што може да ги искористите.

А уште неколку дополнителни предлози ви посочуваме во фото галеријата во продолжение.

Објавено:
21 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.789 пати