Дајте му слободна вечер на фустанот: Време е за костими!

27 март 2014

Кога ќе го споменеме зборот костим, сигурно веднаш ви текнува на некој здодевен, ретро костим со високи рамена што порано го носеле нашите мајки.

Но, ерата на модерниот костим допрва доаѓа! Токму тоа ни го посочуваат и светските ѕвезди кои сѐ почесто на јавни настани се појавуваат во совршено скроени женски костими.

Доколку сега се прашувате каде ќе го носите доколку си набавите еден, ние со сигурност тврдиме дека костимот е совршен избор за секоја пригода, вклучувајќи ги и оние лежерните, но и посвечените.

Во последно време во супер костими можевме да ги видиме ѕвездите како Стејси Киблер, шармантата Ема Вотсон, Скарлет Јохансон, но и прекрасната Селена Гомез која за еден јавен настап одбра костим во жешка, црвена боја која одлично и прилегаше.

Доколку пак се ближи вашата венчавка, супер кул избор е белиот костим, но доколку сепак сте за потрадиционален начин и сакате да носите венчаница, тогаш блеснете во бел костим барем за денот на вашата свршувачка.

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Тренд