Дали е ова најинтересниот тренд за оваа сезона?

21 септември 2016

Планетарно популарната манекенка Кара Делевињ е дефинитивно девојка која со право може да се нарече трендсетерка со оглед на бројните трендови кои во неколку наврати ги има најавено.

Истото е случај и со нејзиното последно појавување на ревијата на еден од нејзините омилени брендови, Барбери, каде дојде облечена во фантастичен кус фустан, црна наметка од истиот материјал и права црна линија од вратот до стомакот.

Иако сѐ уште никој нема информации што истата би можела да значи, бројните модни магазини пишуваат дека таа го најави трендот што дефинитивно ќе го смени choker ланчето како едно од најпосакуваните изминатите неколку месеци.

Многумина велат дека линијата е всушност направена од вистинско мастило, што и не би било чудно со оглед на тоа што таа е љубител на тетоважи и има голем број по нејзиното тело.

Како и да е, нејзината навидум едноставна линија по горниот дел од телото е нешто што дефинитивно ја освежи модната сцена, барем кога се трендовите во прашање бидејќи одамна не сме виделе нешто ново и малку поинакво.

Иста линија само во бела боја имаше и младата актерка Лили Колинс на годинешната Мет Гала која се чини не крена толку прашина како што тоа го направи оваа млада манекенка.

Заедно со сите останати и ние сме во потрага по одговор што оваа линија би можела да значи, па доколку некој дознае пред нас, слободно известете нѐ.

Не плашете се да и го пробате новиот тренд кој иако изгледа можеби малку мрачно, сепак е навистина уникатен...

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.095 пати