Дали е ова најслаткиот приврзок за чанти на светот?

5 ноември 2013

Ние сме заљубени во последниот тренд од Фенди! Во нивната последна колекција чанти, покрај совршените миленици на жената, се најдоа и најслатките приврзоци измислени било кога.

Последната колекција чанти на светскиот бренд насловена како Bag Bugs, на жените им нуди една поинаква и урбана димензија на овие модни парчиња, со нивните најдобри бушави пријателчиња.

Секое од овие слатки преврзочиња има свое лице и карактер, но и свое сопствено име.

Познатите трендесетерки веќе се обземени од овој тренд и обожаваат да ги носат на своите чанти. Меѓу нив секако се најде и Кара Делевињ, која секогаш ги има „ит“ парчињата.

Погрижете се што побрзо овие бушави човечиња да ви станат најдобри пријателчиња!

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Тренд