Дали е ова новата ИТ чанта?

21 јули 2018

Ако досега не сте се запознале со одличниот бренд Медеа од Милано, денеска е вистинско време да го направите тоа.

За последното парче што го направија двете сестри близначки, инаку сопственички и дизајнерки на брендот, се зборува дека ќе стане инстант хит, а веќе има листа на чекање.

Станува збор за многу едноставен дизајн на чанта кој потсетува на хартиените кеси за подароци, но овојпат направени од врвен материјал со совршени рабови.

„Отсекогаш сакавме чанти, трошевме многу пари на нив, наместо на гардероба. Затоа ни дојде на ум да направиме една наша, мала дизајнирана торба од кожа, која сакавме да изгледа како шопинг кеса“, велат Џулија и Камила Вентурини.

По оваа чанта која официјално се очекува да излезе во продажба во септември, дизајнерките планираат да ја прошират колекцијата и да објават соработка со познати уметници.

Инфо и фото: Vogue.com, Elle. rs

Објавено:
21 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
486 пати