Дали принтот од срна е новиот леопард?

12 ноември 2013

Иако многумина велат дека на принтот од леопард му помина времето, ние сме убедени дека има уште многу девојки што обожаваат да носат парчиња со леопард принт.

Но, она што можеби ќе ги предомисли е неверојатната брзина со која принтот од срна се шири низ плакарите на девојките ширум светот.

Истиот се повеќе можеме да го видиме на зимски палта, здолништа, модни додатоци и најчесто на чанти.

Мора да признаеме дека овој принт изгледа многу слатко, особено на зимските палта и капути. За ова дефинитивно мора да се обвинат Дизни и Бамби!

Ние брзаме во потрага по палто со принт од срна, а истото сторете го и вие!

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Тренд