Данска блогерка нè инспирира што да носиме секој ден од неделата

24 октомври 2019

Без сомнение, на секоја дама понекогаш ѝ е потребна доза инспирација за секојдневните комбинации, особено во овој преоден период кога времето постојано е променливо.

Познатите блогерки секогаш се тука за инспирација, а една од нив посебно се истакнува. Станува збор за данската блогерка Фунда Кристоферсен која на нејзиниот профил секојдневно објавува шик стајлинзи со парчиња што секоја девојка може да ги посака.

Токму на профилот на Фунда ќе најдете супер есенски стајлинзи од кои може да црпите секојдневна инспирација за вашите комбинации на работа или пак за лежерните прошетки со пријателите или семејството.

Како што ќе забележите, таа обожува претежно неутрални нијанси, па така најчесто ќе ја видиме во темни панталони и бела кошула, во џинс и предимензионирано кафено палто, во широк сив женски костим и што уште не.

Како и секоја дама, така и Фунда е обожавател на модните додатоци и речиси секогаш ги носи чантите што се популарни во одреден момент, а истото е случај и со чевлите.

Денеска одвоиме седум комбинации кои оваа данска блогерка ги носи на одличен начин, а се совршена инспирација за секој ден од неделата да изгледате супер шик.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
24 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.948 пати