Деловни изгледи инспирирани од училишните униформи

7 септември 2016

Училишните униформи низ историјата честопати се појдовна инспирација во креирањето на современите дизајнерски колекции. Со оглед на нивната функција, модифицираната дизајнерска верзија на таквите униформи идеално се вклопува во деловниот изглед на модерните бизнис жени.

Ќе ги издвоиме предимензионираните плетени џемпери комбинирани со здолништа во „пенкало" крој, кошула-фустаните, блузите комбинирани со макси пеперутка-машна врзана околу врат, миди фустанот на прерамки облечено врз кошула или тенка блузичка, џемперите без ракави комбинирани со класични панталони...

Истото се однесува и на образовниот кадар во училиштата. Сосема коректно е кога и самите професори се придржуваат на соодветен деловен дрес код, па со својот личен пример да бидат првата лекција по етика за своите ученици.

 

 

Објавено:
7 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
784 пати