Деловни комбинации со дводелни сетови – бизнис модни идеи за март

1 март 2022

Костум како дводелен сет од сако и панталони или сако и здолниште, во моден контекст постојано трпи различни стилски варијации. Последниве неколку години, оваа комбинација толку се популаризираше, што стана секојдневна и во уличната мода. Од опуштени верзии со лежерни кроеви до елегантни и класични одела, сетот со панталони и сако со сите нивни стилски изданија, ќе ги сретнете и во актуелните колекции на светските брендови и во плакарот на речиси секоја жена.

Кога е во прашање деловниот кодекс на облекување, секоја работна позиција носи свои правила што се исклучително важен дел од деловната култура.

Од друга страна пак и тука насоките варираат во зависност од природата на работното место, па така во еден случај се носи исклучиво униформа, во друг случај се поставени конкретни дрес-код правила, а во одредени креативни средини е дозволена слобода во изборот на деловен стил.

Ние преку нашиот мартовски избор на деловни комбинации, правиме еден генерален сублимат на атрактивни, модерни деловни комбинации кои вклучуваат одела, а преку кои истовремено се одразува и деловна култура и индивидуалност.

Тоа подразбира стилски и ниту малку досадни деловни сетови, што дозволуваат персонален моден израз, а истовремено се коректен избор за различни деловни средини.

Фото: Пинтерест

Објавено:
1 март 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.844 пати