Деловни трендови: Што ќе носиме за на работа оваа есен?

22 септември 2020

Отворениот поглед на модниот кон деловниот свет, особено последните неколку години, понуди една бесконечна разноликост во однос на деловниот имиџ.

Бизнис дамите може да бираат многу повеќе од сиво сако и црни панталони или здолниште.
Деловниот имиџ сега вклучува една широка лепеза на стилови, можности и избор на трендовски бизнис парчиња.

Всушност, тоа што се актуелни тенденции може многу лесно да се пренаменат и соодветно да се прилагодат на деловниот стил.

Затоа, оваа есен кога е во прашање нашиот аутфит за на работа, може да бираме и комбинираме: карирани комплети што вклучуваат сако и панталони, блејзери во различни кроеви, панталони и здолништа со висок струк, фустани со карнери, да си поиграме со модни додатоци со впечатлви дезени, предимензонирани кошули што може да ги комбинираме со суптилен накит, па дури и облека во полежерни кроеви која може да ја потенцираме на пример со ремен околу струкот.

Неколку корисни и шик идеи во продолжение:

 

Објавено:
22 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
7.592 пати