Десет тренди кимона за ова лето

19 јуни 2014

Асос Асос

Кимоното од секогаш важи за интересно модно парче, а особено е актуелно во летниот период. Неодоливите модели украсени со цветен принт, игра на форми, комфорни кроеви или додатоци од реси одлично се вклопуваат за секоја пригода. Според советите на познатите трендсетерки, ова праче облека одлично ќе се вклопи со краток црн фустан во кежуал варијанта, но и комбинациите со бела маичка и молив здолништа или кратки панталони се дефинитивно во игра. Се зависи од вашата модна фантазија и преференции, како и од стилот кој го негувате.

Асос Асос

Доколку пак, сте доволно храбри да експериментирате со вашиот стил, за некоја посебна пригода можете да комбинирате два различни принта, а целиот изглед да го акцентирате со впечатлив ѓердан.

Бершка Бершка

Секако, за оние денови кога не сакате премногу да размислувате можете да го комбинирате со популарните boyfriend фармерки и сандали со рамна платформа.

Кимоното е практично и истовремено уникатно модно парче кое ве советуваме да го имате во вашиот орман.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Тренд