Девојките сезонава го обожаваат овој кадифен фустан

26 октомври 2019

Нема поубаво време во годината од прекрасната есен за да одберете кадифен фустан во кој ќе блеснете на било која пригода.

Сезонава девојките се вљубија токму во таков, изработен од виолетово кадифе со потпис на популарниот high street бренд Манго.

Станува збор за фустан на долги ракави со должина до под колената кој можете да го носите со стилски високи потпетици, па дури и чизми до колената во некоја есенска боја.

Фустанот е сам по себе впечатлив благодарение на длабокото деколте и интересниот детал на врзување во предниот дел, па не треба дополнително да го украсувате.

Одличен е за сите празнични забави што се пред нас или пак за зимската свадба на која сакате да носите фустан, но не сте сигурни за моделот.

Времето сè уште е убаво и не е многу студено, а доколку истиот планирате да го носите во текот на зимата, само дополнете го со некое стилско палто или долг капут.

Прекрасен е, нели?

Инфо и фото: Journal.hr

Објавено:
26 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.108 пати