Дизајнерите генерираа колективен зимски тренд- крзното

19 март 2014

Оскар де ла Рента, Версаче, Долче и Габана, Дона Каран Њујорк, Метју Вилјамсон, Дискверд, Марни, Ралф Лорен, Ланвин, Прада,  се само некои од имињата што за следната зимска сезона 2014/15 на писта донесоа заеднички став кон крзното, кое според нив ќе владее како глобален тренд. Од вештачко, природно, обоено во јаки бои, со кратко и долго влакно, крзното го видовме како неизоставно парче од зимските колекции.

Fendi Fendi

 

Речиси и не постои девојка и жена што не го обожава, а модната индустрија свесна за безвременоста на ваквата текстура сигурно ја имплементира од женските изгледи. Иако, ПЕТА постојано  наложува користење  вештачко  еко крзно и запазување на стандардите за неприфатливост на природното, тоа се уште е престижно влакно кое пред се си го дозволуваат оние со подлабоки џебови. Токму трендсетерките и славните, се тие што веднаш го препознаа актуелизирањето на трендот на носење обоено кое го носеа за време на модните недели.

AshleyOlsen AshleyOlsen

 

Елеци, наметки, болера, струкирани долги бунди што го покриваат целото тело, имате можност да погледнете во продолжение и да се инспирирате во која насока да се движат важите желби пред да се одлучите со какво вештачко крзно да се подновите за следната судена сезона.

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Тренд