Длабокото деколте повторно хит оваа пролет!

14 мај 2016

Оваа сезона сензуалноста кај комбинациите доби нова димензија! Длабокото деколте што го обожававме пред некоја година, сезонава се враќа на голема врата.

Иако за истото треба малку повеќе храброст, воопшто не двоумете се да го комбинирате со тренди фармерки, куси панталончиња и разни здолништа во долгите топли вечери.

Длабокото деколте ќе остави силен впечаток каде и да се појавите, а вие ќе се чувствувате неверојатно секси.

Голем дел од девојките во своите street style комбинации одбираат парчиња со длабоко деколте како откопчани кошули, блузи во нежни бои, секси црни маички, но и фустани кои се совршен избор за некоја свеченост украсени со многу накит.

Воопшто не треба да се грижите дека ќе изгледате вулгарно, а ако е тоа случај, деколтето секогаш украсете го со многу накит, долги ланчиња или пак секси марама врзана на вратот.

Погледнете ги комбинациите на модните блогерки кои го имаат усовршено длабокото деколте во своите стајлинзи, па инспирирајте се доколку немате идеја како да го комбинирате и секогаш да изгледате совршено стилски.

Извор: journal.hr

Објавено:
14 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
935 пати