Додадете му шарм на вашиот стил-носете ракавици без прсти

17 декември 2013

 

Изборот на модни додатоци во зима е мошне важен сегмент со кој го комплетирате вашиот секојдневен стил. Директно од модните писти решивме да ви ги презентираме најактуелните модели на ракавици за оваа студена сезона. И покрај ниските температури, сепак дизајнерите одлучија ракавиците да немаат прсти. Креативците, моделите на ракавици ги гледаат како моден додаток кој ќе дополнат вашиот стил и ќе му дадат поинаков шарм. Реално гледано, некои од овие ракавици се само тренд тие не топлат, а некои дизајни без разлика на тоа што немаат прсти знаат да внесат топлина, елеганција и женственост. Во галеријата ќе најдете интересна понуда и на модели и дизајни, материјали и дезени. Во зависност од вашето расположение и стил одберете си ги оние кои најмногу ви се допаѓаат.

 

 

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Тренд