Гламурот на стандардните новогодишни забави годинава ќе го заобиколиме.
Но, тоа не значи дека мора да се откажете и од гламурот на празнувањето во својот дом, што останува сосема легитимно и право на личен избор.
Токму за таквите, брендот River Island дизајнираше сет шик пижами со пердуви, наменети токму за празничното прославување во најтесниот круг на семејството, кога сепак сакате да ја почувствувате новогодишната магија, па и да ја пренесете преку едно невообичаено домашно, а сепак „дотерано" издание.
Малку шик и малку луксузно, во еднобоен црн или комплет со точки со пердуви на ракавите и ногавиците, River Island понуди интересна и инвентивна модна верзија за стајлинг за домашниот дочек на следната година.
Инстаграмџиките веќе направија фотосесии пред огледалата во своите спални соби и ги споделија со фановите на брендот како инспирација.
Со оглед на дизајнот и тенденциите, нема да биде чудно доколку овие пижами ги видиме и во издание на уличната мода.
Фото: Инстаграм