Dress to Impress by ELENA LUKA: Фустан поинаков од сè што ќе видите сезонава

30 септември 2021

ЕЛЕНА ЛУКА фустан - за сите што сакаат да изгледаат поинаку оваа есен!

Ако навистина сакате да носите нешто несекојдневно, нешто во што ќе се чувствувате моќно и што ќе ве издвои од толпата, овој макси фустан од ЕЛЕНА ЛУКА е идеален!

И покрај тоа што најновата есенска колекција изобилува со одлични парчиња кои лесно можете да ги вклопите во вашето секојдневие, сепак модната куќа останува доследна на парчиња кои со себе носат доза на екстравагантност. 

Наборите и конструкцијата го издвојуваат од сè друго што ќе видите сезонава!  Достапен е во неколку бои - црна, портокалова, розова и беж - одберете ја омилената и покажете смелост оваа есен.

Уникатноста и индивидуализмот се секогаш на цена, а со овој фустан можете токму тоа да го изразите. Нека ова биде вашиот Dress to Impress.

За изгледот да биде комплетен, можете да одберете некој од нивните последни модели кожени обувки, како и линијата чанти со специјално дизајниран уникатен патерн.

Повеќе информации и комбинации можете да најдете на нивните профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и во ателјето во населба Капиштец (Скопје), а тука е секако и нивната онлајн продавница elenaluka.com, преку која од креациите на ЕЛЕНА ЛУКА ве дели само еден клик.

 

Објавено:
30 септември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
870 пати