Дуксерите го диктираат модното темпо оваа зима – селектиравме 10 супер модели

25 ноември 2020

Поголемиот дел од времето годинава го поминуваме дома, како што наметнува и актуелната ситуација. Голема е веројатноста дека така ќе продолжиме и во текот на целата зима. Ако гледаме од моден аспект, секако дека тоа се одразува и на нашиот избор на облека што овојпат е со акцент на лежерноста.

Но, независно од целиот непосакуван амбиент што ја обележа 2020 година, ако резимираме и ја земаме предвид пошироката слика на модната сцена, може да посочиме дека всушност лежерноста и урбаната естетика веќе подолго време видно ги диктираат модните текови и се доминантно присутни во модниот свет.

Растеретени од строги кроеви и со приоритет на удобноста се дури и некои од тенденциите застапени во деловниот свет, па и елеганцијата добива една поопуштена линија.

Така доаѓаме до едно од оние ултимативни модни парчиња што станаа Must have во секојдневната мода, но не само во спортски контекст, туку и во еден многу поширок опсег на стилски можности – дуксерите.

Дуксерите одамна излегоа од спортските терени и се преселија на модните улици во најстилските и шик изданија на трендсетерите. Не се исклучени дури и во комбинации со дводелни костуми и елегантни здолништа.

Земајќи ја предвид нивната популарност, направивме избор на топ 10 супер стилски модели од актуелната есенска-зимска линија на Елена Лука.

За потсетување, овој петок во Елена Лука е резервиран за шопинг искуството кое не се пропушта – Black Friday со дури 80% попуст на дел од асортиманот!

Во продолжение топ 10 модерни, топли и урбани модели дуксери.

 

Објавено:
25 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
422 пати
Тагови: 
дуксери