Две парчиња доволни за супер летни комбинации

21 јуни 2018

Дводелните комбинации што доаѓаат во комплет се лесен начин како да ја решите загатката – што да облечам?

Комбинациите од горен и долен дел изработени од ист материјал и најчесто во иста боја или дезен, се секогаш добредојдена и рационална солуција за различни прилики.

Покрај тоа, парчињата од дводелните комплети може да ги комбинирате и посебно, со други парчиња со што можностите за нивно имплементирање во вашиот имиџ, се бројни.

Летниов период приоритет се дводелните комбинации изработени од лесни и пријатни материјали, како оние со кратки шорцеви и блејзери во пруги, широките панталони со висок струк и краток топ или пак здолништата на закопчување со маички на прерамки.

Во ваквите комбинации секогаш се актуелни впечатливите принтови, како оние со точки, цветните дезени или со ситни геометриски форми.

Селектиравме дел од актуелната понуда.

 

Објавено:
21 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.044 пати