Две во едно: Кошулата-фустан ќе ви ги реши модните дилеми

26 мај 2023

Од сезона во сезона кошулата-фустан редовно се враќа, дури и кога ќе помислите дека трендот е заборавен.

Така е и ова лето, а парчето е прилагодено на актуелните трендови и подеднакво одговара за секоја прилика.

Кошула-фустан е дел од деловниот стил, се истакнува и како аутфит за летни забави, а го има во разни големини, модели и бои.

Минималистите ќе ги одберат безвременската беж, бела или црна, додека модните ентузијасти ќе си поиграат со боите и дезените.

Материјалот на којшто се дава предност во лето е ленот, а памукот е секогаш присутен.

Ова парче најчесто се носи со акцентирање на струкот, односно со ремен, но некои дами одбираат и варијанта што слободно паѓа.

Покрај еднобојните прилично застапени се и моделите на риги.

Фото: Pinterest

Објавено:
26 мај 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.818 пати