Џемперите се апсолутен хит

25 октомври 2013

Во овој период од годината џемперите секогаш се враќаат во тренд, а за оваа сезона не постојат ограничувања во однос на нивната должина. Единствено нешто кое е важно е тие да се плетени. Џемперите се одличен избор за сите оние кои обожаваат слоевито облекување,  а  лесно се комбинираат за дневни лежерни и вечерни елегантни варијанти.

Особено атрактивно изгледаат долгите џемпери кои може да се носат како фустан или пак моделите со дупло копчање кои допринесуваат до израз да дојде структурата на телото. Исто така не постојат ограничувања во однос на бојата, па слободно можете да правите интересни комбинации или да изберете колоритни плетки.

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Тренд