Џенифер Лопез пролетната сезона ја отвори во романтичен, флорален фустан со потпис на Зимерман.
Деновиве таа беше фотографирана во Лос Анџелес, во лежерно, но женствено издание во овој колоритен дизајн во опуштен крој, на закопчување во предниот дел и со транспарентни ракави.
Изгледот го надополни со сандали на платформа, кои оваа сезона повторно се меѓу модните тенденции.
„Пораснав на улиците во Бронкс и тоа во голема мера го дефинираше мојот стил. Но, исто така го сакам и гламурот на 50-те и 60-те. Од една страна урбан стил, а од друга многу гламур. Тоа сум јас", изјави Џеј Ло во една прилика во контекст на нејзиниот личен стилски избор.
Флоралните романтични фустани, како овој што го носи поп дивата, се секогаш актуелни во пролетната сезона, па ние одбравме неколку модели плус што може да ви послужат како дополнителна идеја како може да ги комбинирате во вашиот стил.
Фото: Пинтерест