Џенифер Лопез е стилска кралица во најпопуларната боја за 2019

17 декември 2018

Неодамна Институтот за боја Пантон објави дека коралната е боја на 2019 – тата година, а некои од ѕвездите веќе побрзаа да облечат парчиња во истата.

Манекенката Џиџи Хадид беше првата што облече парчиња во оваа прекрасна нијанса на црвена, а веднаш по неа и омилената Џенифер Лопез.

Пејачката и актерка се појави во Мајами во фантастичен тесен фустан до колена во комбинација со тренди мантил и високи потпетици во популарната корална боја.

Комбинацијата таа ја надополни со мини чантичка во бела боја и очила за сонце, а како и секогаш, фризурата и шминката беа совршени.

Инаку, фустанот е креација на австралискиот дизајнер Алекс Пери, додека чевлите кои се во малку потемна нијанса на новата омилена боја, на брендот Касадеи.

Секако, популарната ѕвезда ниту овојпат не ги заборави омилените златни кружни обетки, па го надополни изгледот со еден чифт и како и секогаш, изгледаше одлично.

Инфо и фото: Vogue/Getty Images

Објавено:
17 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.723 пати