Џинс и џинс...

24 август 2019

Сигурно ви се случило да пребарувате во плакарот на вашите родители и да наидете на џинс парчиња за кои времето како да застанало.

Затоа што е безвременско парче со култен статус, џинсот е секогаш добар избор - за да му дадете карактер на вашиот стил, за да инвестирате во него, за да ви биде секогаш сигурна варијанта во ситуација кога се двоумите што да облечете.

Не постои сезона, година, декада, во која џинсот не добил некоја современа модификација со цел да се прилагоди на актуелните текови – но, во суштина неговата естетика и статус остануваат исти.

Па потпирајќи се на неговиот безвременски статус, секогаш имаме причина да ви предложиме идеја плус како да го комбинирате.

Една супер варијанта е спојот на џинс со џинс! Секако помеѓу може да додадете и по некој моден додаток, шапка, наочари, чизми, чанта, плетена ролка или маичка, но акцентот е на џинсот.

Еве како тоа ние го замислуваме:

Фото: Пинтерест

Објавено:
24 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
401 пати
Тагови: 
џинс