Едноставна, а секогаш успешна комбинација

18 февруари 2019

Кога лежерниот изглед добива елегантен карактер, благодарение на умешниот спој на парчиња, тогаш таквите комбинации може да најдат широка примена во сечиј стил.

Еден таков спој, што важи за непогрешен и безвременски, е спојот на џинс со кошула.

Варијациите меѓу двете парчиња облека овозможува богат избор на комбинации, што секогаш може да ви се најдат во ситуација кога не сте сигурни што е најсоодветниот избор за конкретна прилика.

Добар пар џинс и елегантна кошула во комбинација со чевли на средно висока потпетица, можат да бидат одлична солуција соодветна за преку целиот ден, од канцеларија до попладневно кафе со пријатели.

Од друга страна пак, ако истава оваа комбинација би ја замениле со патики наместо потпетици, тогаш добивате сосема поинаков аутфит соодветен за лежерно викенд издание.

За пролетта која е пред нас, искористете ги веќе постоечките парчиња џинс и кошули во вашиот плакар и подгответе ги првите пролетни комбинации.

Фото: Пинтерест

Објавено:
18 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.686 пати