Доколку веќе имате неколку важни настани закажани за оваа пролет, а сè уште немате идеја што да облечете, тогаш ова е вистинскиот текст за вас.

Веќе знаете дека секогаш преферираме едноставни фустани без разлика за каква пригода се работи, но секогаш сакаме тие да остават вистински впечаток.

Токму такви се и фустаните во денешната галерија што ќе ви послужат како супер инспирација ако се подготвувате за свадбата на најдобрата пријателка или некој друг значаен настан.

Станува збор за фустани со едноставен крој, но доволно ефективни за да блеснете и да бидете забележана на секоја забава.

Ако ги комбинирате со соодветен накит и шик високи потпетици, тогаш имате целосен тренди стајлинг за одбрани пригоди.

Нашиот избор пролетни фустани се во претежно светли нијанси, но тоа не значи дека не можете да пронајдете некои во друга боја која вам ви прилега и ви се допаѓа.

Најголемиот дел од фустаните се без ракави и со длабоко деколте, но дел од нив се совршени за преодниот период меѓу сезоните, а запомнете дека секогаш можете да ги комбинирате со некое стилско соодветно палто доколку температурите ве изненадат.

Фото: Pinterest

Објавено:
20 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.189 пати