Елегантни тоалети за зимски свечености

20 ноември 2015

Свадби во зима, празнични свечености, Нова Година... Зимскиот период е полн со настани на кои може да си дозволите дa си приредите лично задоволство и да изгледате како од бајките.

Ако вашиот избор се уникатни свечени тоалети со препознатлив дизајнерски печат, тогаш ви препорачуваме да го посетите ателјето на македонската модна куќа Елена Лука.

Тука ќе најдете совршени елегантни креации, соодветни токму за празничните забави што ни следуваат претстојниот период.

Романтични, во асиметрични кроеви, со рачни доработки и впечатливи детали, изборот на свечени тоалети е фасцинантен. Палетата на бои е претежно во пастелни нијанси, но може да најдете и такви во интензивни бои како тиркизна, црвена, зелена и виолетова.

Може да ги комбинирате со бунди од еко крзно, миди или макси, или пак со топли капути со врзување околу струкот. Инспирирајте се!

 

 

Објавено:
20 ноември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.688 пати