Елена Лука: Ова се седумте најбарани парчиња онлајн

18 јануари 2021

Тенденциите од претходните месеци продолжуваат и во јануари, велат од домашниот домашен бренд Елена Лука.

Покрај реализацијата на новите планови, од модната куќа се осврнаа на тоа што било најпопуларно меѓу купувачите, пред се' на онлајн продавницата и кои парчиња биле најбарани во годината што измина, но и првиот месец во Новата година.

Плетенините и чизмите се очекувано доминантни, но дизајнерските блузони се се' уште едни од омилените парчиња, велат статистиките.

Погледнете ја листата од седумте најбарани парчиња на Елена Лука, може да ви послужат како модна инспирација или пак ќе се најдат и на вашиот список на парчиња што ги посакувате.

Лежерен фустан со џебови

 Удобно, лежерно и лесно парче кое многу лесно ќе најде место во вашиот гардеробер. Може да го комбинирате со рамни обувки или пак со високи потпетици, одлично е речиси за сите годишни времиња. Едноставната линија е збогатена со џебови во предниот дел и лесно може да го вклопите и со други модни парчиња.

 

 Плетен комплет - неизоставен дел и апсолутен хит и на светската модна сцена кога е сезоната есен-зима во прашање. Топол и практичен, ова е еден од најпосакуваните комплети меѓу жените, бидејќи одговара на сите типови тело и може да се носи во различни пригоди. Достапни се во повеќе бои.

 

Високи чизми во боја се исто така трендовско парче кое ќе ја направи секоја ваша комбинација впечатлива. Елена Лука ги израдува своите купувачи во неколку свежи бои, па покрај оваа окер нијанса, во нивната понуда можете да најдете и беж, розови, минт... 

Секогаш е вистинско време за краток црн фустан. Во конкретниов случај, дамите најмногу го барале овој модел со долги ракави, ролка и карнери во долниот дел, кои го прават уште поинтересен. Воедно, ова е одличен модел ако сакате да ги сокриете недостатоците во долниот дел, или пак ако со малку труд сакате да изгледате модерно и дотерано.

Спортски комплет составен од панталони и кратка јакничка на патент со ластик е совршен избор за прошетки, за секојдневни активности. Не е класична тренерка, но е поудобно од џинс или некои панталони кои можеби ги имате, па затоа не изненадува што ова е едно од парчињата кои жените посакале да ги имаат во својот гардеробер. Парчињата можат да се носат и одделно, ако имате со што соодветно да ги комбинирате.

Чизми до глужд се обувки кои се носат од есен до пролет. Во конкретниов случај, се работи за модел со нитни и висока потпетица, кој можете да ги комбинирате си здолништа, панталони, фустани... Можете да ги усогласите и со плетенини како примерите погоре и да бидат ваш избор секогаш кога сакате да се истакнете. Достапни се и во црна нијанса.

Блузоните се посакувани парчиња бидејќи се удобни и практични, но Елена Лука создаде модели кои се многу повеќе од тоа. Модерни се, впечатливи и излегуваат од воебичаената спортска естетика. Токму затоа и во 2021 се меѓу најбараните. Постојат неколку верзии, кои се достапни онлајн, па одберете ја вашата омилена и имајте несекојдневно и дизајнерско парче кое ќе мами погледи. 

За потсетување, празничните понуди се' уште траат, а освен онлајн, останатите парчињата, како и многу други, можете да ги најдете и во новиот showroom во ГТЦ (I кат) како и населба Аеродром.

Објавено:
18 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.221 пати