Есен со Манго

21 август 2015

Шпанскиот моден гигант Манго во своите колекции секогаш имплементира мешавина од трендови. Но, во последниве неколку сезони, боемскиот стил е доминантен.

Во новата есенска колекција е понуден голем избор на пелерини, пончоа и изобилство на текстури во дизајнот. Украсните реси доминираат како резултат на враќањето во времето на 70тите. Тексас ѕвонраките, широките мантили и шифон кафтаните се предлог модни парчиња за пософистициран стил изработени од лесни материјали.

Трендовите инспирирани од уличната мода, содржат рок елементи, вклучувајќи го и стилот на младешкиот дух. Кратки фустани од тул, моторџиски јакни, крзнени палта, повеќето изработени од синтетички влакна, ја претставуваат непокорливата страна на зимската сезона.

Колекцијата исто така се одликува со војнички стил комбиниран со мажествени финеси. Овој тренд се рефлектира преку модните парчиња со многу копчиња, струкирани сакоа и широки мантили дизајнирани во маслинесто-зелена и морско-сина боја.

Објавено:
21 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.991 пати