Есенска инспирација: 15 комбинации во портокалови нијанси

22 септември 2021

Ако веќе не сте го смениле гардероберот од летен во есенски, веќе можете да го сторите тоа. Доколку имате портокалови парчиња, ставете ги во преден план, бидејќи портокаловата повторно доминира на уличната мода.

Од монохроматски изгледи, одела, џемпери, здолништа, фустани и комбинизони, па се' до комбинации што вклучуваат модни додатоци во портокалова нијанса, можностите да ја вклопите во вашиот стил се бројни.

Бојата на зајдисонцето, на есенските листа, сезонските овошја ќе ви внесе доза топлина во есенскиот изглед.

Ние во продолжение пронајдовме неколку предлози кои се надеваме ќе ви послужат како инспирација:

Објавено:
22 септември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.563 пати