Есенска улична мода: Ефективни комбинации во моќна црвена боја

21 септември 2020

Фатална и моќна, црвената боја е толку впечатлива и ефективна, што кога одбирате да ја носите, знаете дека ќе привлечете внимание.

Во фокусот на уличната мода оваа есен се вибрантните нијанси на црвената, што придонесуваат за возбудлива и визуелно атрактивна мода на урбаните улици.

Во своите есенски колекции ја имплементираа и добар дел од дизајнерите, нудејќи драматичност дури и кај наједноставните парчиња.

А функцијата на интензивната црвена боја е токму тоа, да се издвои, да привлече и да остави впечаток.
Како пример од уличната мода на светските метрополи, издвоивме комбинации кај кои црвената е доминантна боја и има улога на секој изглед да му даде силен визуелен израз.

Мантили, џемпер фустани, панталони со висок струк, чизми, чанти, топли ролки и шалови, обоени во црвено, ќе бидат атракција оваа сезона.

Фото: Пинтерест

Објавено:
21 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.268 пати