Есенска улична мода во есенски бои – земјени и сончеви тонови во тренди комбинации
•
26 ноември 2020
Во посочувањето на тенденциите за секоја година и сезона, модната индустрија секогаш значајно внимание посветува на боите што ќе ги обојат колекциите на дизајнерите и излозите на брендовите.
Годинава во тој контекст, е обоена во портокалови топли нијанси, оние што ја одразуваат енергијата на зајдисонцето и изгрејсонцето.
Овој колор совршено ја надополнува актуелната, романтична есенска слика.
Топла, слоевите облека во исто толку топли нијанси.
Портокалово во сите изданија. И во уличната и во елегантната и во деловната мода.
Совршено им прилега на плетенините, исто колку и на дводелните костуми и дебелите макси капути, што се меѓу најпопуларните парчиња оваа сезона.
Модни улици обоени во портокалово во галеријата во продолжение...
Фото: Пинтерест