Есенски комбинации со кожени панталони

25 октомври 2017

Кожени панталони може да носите во секоја пригода, ако внимавате на оној битен момент: со што ќе ги комбинирате, но и каков крој ќе одберете.

За да изгледаат добро на вас, треба да го пронајдете кројот што одговара на вашата телесна конституција. Со оглед на тоа дека кожените панталони се тренд, ќе ги најдете во различни варијации и во навистина богат избор – тесни, во широк крој, како комбинезони, „шалвари" или килоти.

Откако ќе го одберете соодветниот крој, следува оној забавен дел на комбинирање, што исто така вклучува голем избор на можности.

Сезонава моден хит е комбинацијата на плетени ролки и џемпери со кожени панталони, со што предимензионираната плетенина може да ја носите врз кошула или маичка.

Предност е што овој тип на панталони може соодветно да изгледа и со високи потпетици и со патики, во зависност од пригодата.

Во галеријата со фотографии погледнете неколку интересни идеи за инспирација.

Фото извор: Pinterest

Објавено:
25 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.951 пати