Есенски комбинации за трудници

29 август 2016

Лежерните модни трендови ни се во прилог на сите, а особено на жените кои се во блажена состојба. И покрај тоа што голем дел од познатите модни брендови имаат и свои специјализирани линии за трудници, сепак изборот е уште побогат благодарение на актуелните модни текови кои како свој приоритет ја имаат предимензионираната, спортската и удобна облека.

Бомбер јакните, „слип" фустаните и блузите со голи рамена, кои инаку важат за најпопуларни актуелни трендови, може да ги имплементираат во својот секојдневен изглед и трудниците.

Така апсолутно ќе се чувствуваат задоволно од својот изглед и удобно, истовремено.

Дел од богатиот избор во продолжение...

 

 

Објавено:
29 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.906 пати