Есенски стајлинзи на познатите дами

22 ноември 2014

Временските услови наметнуваат да се припремиме за претстојната зимска сезона. Предност во гардероберот им се дава на дебелите капути и кардигани, впечатливи сакоа и неколку сезони по ред актуелниот модел на „bomber“ јакни. Токму ваков двофункционален модел поседува Кејт Мос и тоа во маслинеста – зелена боја на едната и фуксија нијанса на другата страна. Ваквиот модел на јакна, Мос го имаше комплетирано со тесни фармерки од брендот Rag&Bone и кратки чизми од Alaïa.

Кралицата на британскиот „tomboy“ стил, Алекса Чанг поголемиот дел од есенско/зимската сезона ќе го помине во Њујорк. Таа беше забележана на улиците на Големото јаболко во црно – бел капут, со тесни фармерки во темно сива нијанса и чизми до глужд од Acne Pistol.

Гвен Стефани е совршен амбасадор на еклектичниот стил. Пејачката беше сликана на улиците на Лос Анџелес во бел џемпер од брендот Аран, во комбинација со црни кожени панталони и шарена марама. Изгледот го комплетираше со колор блок чизми со отворени прсти и црна капа.

Сара Џесика Паркер шетајќи низ улиците на Рим, носеше стајлинг кој беше вистинско олицетворение на фамозниот лик, Кери Бредшо. Црниот фустан со романтичен, ретро крој го комбинираше со кардиган, федора шешир и црни чевли со отворени прсти од колекцијата која таа ја лансираше.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од познати дами, чиј изглед може да ви послужи како инспирација за ефектен дневен изглед, кој истовремено ќе ве направи модерни и ќе ви пружи топлина и комфор за секојдневно функционирање.

Преземено од Buro 24/7

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Тренд