Error message

Есенски тренд: Нурнете се во морето на оптичките илузии

1 септември 2014

Ако направиме една кратка ретроспектива на актуелните трендови за претстојаната сезона есен-зима 2014/15 ќе видиме дека ќе бидат комплетно задоволени вкусовите дури и на најпребирливата публика. Психоделични модели, инвентивна игра на графички конструкции, пругасти апликации и инвентивен спој на дезени,  се главните есенски адути кои едноставно ги маѓепсаа и оние „софистицираните дами“ со малку поистенчен вкус за стил.

Питер Пилото Питер Пилото

Најголем промотор на црно-белите илузии во 21 век беше дефинитивно Марк Џејкобс. Тој почна да го отплеткува клопчето, раскажувајќи ја својата монохроматска визија во Њујорк, па потоа во Париз. Неговите модни ревии за модната куќа Луј Витон доживеаја голем успех особено онаа кога на сцената имаше поставено ескалатори, а моделите грациозно чекореа презентирајќи им ги на публиката геометриските прекршувања и строгите форми не само во класичните црно-бели варијанти, туку и во други свежи тонови, облици и кроеви. Ова дефинитивно беше шоу на кое Џејкобс се надмина себе и кое сигурно уште долго ќе се памети како едно невообичаено модно претставување.

Кристофер Кејн Кристофер Кејн

Модната иницијатива на Џејкобс беше поддржана и од други дизајнерски виртуози меѓу кои Мајкл Корс, Спортмакс, Долче и Габана, Прада и многу други кои се решија своите модни визии да ги „збогатат“ со ленти за глава, карирани принтови, точкести апликации и цветни дезени.

Дрис Ван Нотен Дрис Ван Нотен

Кога станува збор за трендовите кои ќе бидат актуелни за претстојната сезона можеме да констатираме дека биде вистински моден и весел микс на оптичка уметност. Имено, голем дел дизајнери се инспирираа од познатиот Виктор Васарели кој бил основач на оптичката уметност и во 1937 година ја создал познатата „Зебра“. Креативноста на дизајнерите, модните критичари ја окарактеризираа како прилично нејасна поради неконтролираното користење на контрасти, силуети и принтови. Тие дури го дефинираа ова како најава за трендови на иднината.

Ботега Венета Ботега Венета

Со ова последново комплетно соодветствува и идејата на Кристифер Кејн да ги вметне 3Д  моделите како напредна компјутерска инсталација на која жените нема да можат да и одолеат. Сликовните елементи или пикселите му послужија како инспирација на Питер Пилото, а електронските неонски трепкачки светла можевме да ги видиме кај креациите на Александар Ванг и Балман. Психоделичните пруги кои се во тесна врска со силуетата на моделот беа доволен стимул за Дрис Ван Нотен, кој одлучи да ги комбинира со неонски и свежи бои. Моделите на Ботега Венета комплетно се изградени во согласност со законите на геометријата и осцилираат целосно во тој дух без никакви отстапки.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Генерално оптичките илузии се „вистинска ноќна мора“ за нашите очи и предизвикуваат голем замор. Нив обично тешко можеме да ги следиме и да ги утврдиме нивните движења,  дебелината на лентите, големината на круговите или спиралите. Затоа, внимавајте на нивната илузорна моќ. Сигурно не сакате да се занесете и да ја изгубите рамнотежата, или пак, да заспиете.

Фаусто Пуљизи и Џереми Скот Фаусто Пуљизи и Џереми Скот

Issa и Acne Issa и Acne

Марко де Винченцо Марко де Винченцо

Александар Ванг и Балман Александар Ванг и Балман

 

 

 

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Тренд