Есенски тренд: Плетени ролки за топол старт на новата сезона

21 септември 2022

Есента е веќе на прагот, а вљубениците во ова оваа сезона со нетрпение ги очекуваат сите нејзини карактеристики: позлатени лисја, студени температури, звукот на есенскиот дожд, топлите напитоци и удобните есенски модни парчиња во кои несомнено се вбројуваат и плетените ролки.

Фото: Pinterest

Плетените блузи и џемпери се повеќе од само есенски и зимски тренд. Потребата од топлина и удобност безмалку ѝм дава статус на бесмртна класика, додека пак потребата да се заштити грлото од сè постуденото време неизбежно не инспирира да посегнеме по нашите омилени плетени ролки.

Есента претставува совршена сезона за експериментирање со гардеробата и слоевите, а кога во комбинациите ќе вклучиме плетена ролка, можностите стануваат уште повозбудливи.

Фото: Pinterest

Достапни се во безброј бои, дезени, кроеви, должини и различни типови на плетки, со што може да се постигне различен изглед кој ќе соодветствува на различни модни стилови. Без разлика дали ќе се одлучите за спој на ролка со фармерки, класични пантолони, здолниште, шорцеви, одело, мантил, есенски капут или пак кожна јакна, никогаш нема да погрешите.

Фото: Pinterest

Во прилог ви нудиме неколку инспиративни примери како да ги вклопите вашите плетени ролки во есен ските комбинации и да постигнете удобен, топил и тренди изглед.

Фото: Pinterest

Објавено:
21 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.500 пати