Есента изгледа одлично со H&M!

27 септември 2016

H&M ја претстави новата есенска кампања и по којзнае кој пат ги освои срцата на девојките ширум светот.

Во новата колекција претставена преку навидум едноставните фотографии ќе најдете модерни street style парчиња кои ќе бидат ваш совршен сојузник во текот на целата прекрасна есен.

Оваа колекција е составена од парчиња во кои ќе пронајдете два клучни трендови за сезоната – еден инспириран од уличната мода и еден инспириран од машката облека.

Во понудата ќе најдете бомбер јакни, ветровки, чизми над колена, елегантни капути, спортски маички и што уште не.

Она што е особено интересно е нивното комбинирање на парчињата како романтични цветни фустани со качкети, кошули со блузони, елегантни панталони со спортски бомбер јакни, дебели џемпери со нежни и тенки плисирани здолништа и уште неколку други кои се совршена инспирација за оваа есен.

Кошулите се едни од највпечатливите парчиња поради нивните остри линии, „машките“ капути се постилски од кога и да е, а чизмите како и секогаш – неодоливи.

Како ви се допаѓаат новите парчиња од омилениот шведски бренд?

Објавено:
27 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.429 пати