Ако сезонава баравте блузичка или фустанче со кое ќе бидете впечатливи каде и да се појавите, тогаш денеска ќе ја пронајдете инспирацијата.
Девојките ширум Инстаграм веќе ја започнаа есенската сезона, а едно парче дефинитивно се провлекува низ најголем дел од нивните стајлинзи.
Станува збор за ултра романтичната и истовремено сексапилна блузичка со пуфкасти ракави, а доколку истите се изработени од органза, тогаш имате полн погодок.
Блузичката за кратко време стана огромен хит на социјалните мрежи, а девојките најчесто ја комбинираат со фармерки со висок струк во црна или светла варијанта, чизми или едноставни, бели патики.
Во посмирена варијанта, можете да ја носите и на работа, секако доколку нема деколте или пак не е премногу впечатлива.
Во спротивно, одберете ја за некоја свеченост каде сакате да изгледате ултра шик, секако, со фризура и шминка соодветна за комбинацијата.
Оваа блуза е еден од најголемите трендови за есенската сезона што доаѓа, па нема да биде проблем да ја пронајдете во било која продавница.
Најчесто, доаѓаат во прекрасни светли нијанси, но секако и неизбежната црна која ја обожаваме за сите пригоди повторно е присутна.
Стилизирајте ги со накит во златна нијанса, а доколку на кошулката има впечатлива панделка во пределот на јаката, оставете таа да говори во име на деталите.
Инфо: Miss 7
Фото: Miss 7, Instagram, Sarah Kunz