Фамозните кломпи повторно на модниот пиедестал

2 јуни 2014

Сигурно се сеќавате на обувките  кои ги носеа нашите мајки и беа популарни во 90-тите години, со затворен предел дел и дрвена потпетица, односно т.н кломпи. Имено, токму тој модел на обувки беше и омилениот моден додаток на познатата новинарка Кери Бредшо, односно Сара Џесика Паркер во мега серијалот „Сексот и градот“. Верувале или не кломпите повторно се враќаат на модната сцена, а потврда за тоа се и ревиите за актуелната сезона на светските модни куќи кои решија своите модни изгледи да ги украсат со пар кломпи.

Селин Селин

Модифицирани, со отворени прсти, отворена пета и висока потпетица. Првенствено беа афирмирани од страна на скандинавските модни блогерки кои веднаш им „залепија“ статус на „must have“ парче за долгото топло лето. Нивниот пример изгледа им се допадна на сите, па речиси и да не постои моден блог што нема барем еден текст посветен на фамозните кломпи. За да го одбележиме големото враќање на кломпите во модното секојдневие на дамите,  еве три модни комбинации што можеби  ќе ви се допаднат и ќе ве инспирираат.

Ирина Лакичевиќ која пишува за A Portable Package е голема обожавателка на популарните кломпи од модниот бренд Марлен Биргер. Таа најчесто ги комбинира со ултра модерниот тексас комбинезон и џемпер во црно бела варијанта.

 

Моделот кломпи со потписот на Филип Лим е изборот на модната блогерка Џули Саринана која пишува за Sincerely Jules. Таа се одлучи кломпите да ги комбинира со кожни панталони, црна кошула и чанта.

Третиот стајлинг е мошне сличен со вториот. Модната блогерка Зина Каркоплија која пишува за Fashion Vibe, одлучи кломпите да ги комбинира со црни кожни панталони, бела кошула и чанта во сина боја. Едноставно но ефектно, а сепак удобно, тренди и модерно.

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Тренд