Фантастична колор блок комбинација на Викторија Бекам која инспирира!

25 јануари 2017

Во моментов во Париз се одржува Неделата на висока мода, па постојано низ светските магазини можеме да ги видиме познатите дами кои се обидуваат да не пропуштат ниту една ревија.

Британската модна икона Викторија Бекам одржа уште една лекција по беспрекорна елеганција со нејзината колор блок комбинација.

Како што самата ќе каже, таа го обожува Париз и во моментов ужива во прошетките во градот на светлината заедно со нејзиното семејство во комбинации кои само таа знае да ги направи.

Таква беше и оваа, а особен впечаток остави комбинацијата на бои на кои ретко кој се сетил дека се одлични за носење заедно.

Имено, таа сосема успешно комбинираше сина лежерна кошула со широки портокалови панталони, а комбинацијата ја заокружи со потпетици во светла нијанса и чанта во темно црвена боја.

Она што остави посебен впечаток покрај фантастичните бои беше кројот на самите парчиња кој според дизајнерката секогаш треба да биде со јасни линии и да ја прати силуетата, а токму такви се и моделите од речиси сите нејзини колекции.

Сосема нормално, кошулата и панталоните се дел од нејзините колекции, а резултатот од комбинирањето на две интензивни бои како овие е фантастичен.

Оваа комбинација без двоумење можете да ја носите на работа, на ручек, некој свечен настан или пак вечерно излегување и да бидете супер впечатливи! 

Објавено:
25 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.266 пати