Доколку некогаш сте го посетиле Инстаграм профилот на модната куќа Клое веројатно сте забележале дека покрај фотографиите од нивните ревии и колекции, често објавуваат фотографии и од различни жени кои носат нивни парчиња.

Француската модна куќа Клое е основана во 1952 – та година од Габи Агион и до денеска ја задржа единствената естетика: лежерни, транспарентни, прекрасни и романтични парчиња што девојките ги обожаваат.

Од 2011 – тата година зад креациите на модната куќа стои Клер Вејт Келер, која ја продолжи приказната на модната куќа и постојано создава нешто ново и свежо.

Тие секогаш лансираат супер носливи парчиња кои ги сакаат и ги носат различни групи на жени, а истото може да се потврди и на социјалната мрежа Инстаграм која е преплавена со нивни модели.

Со #ChloeGIRLS на Инстаграм ќе најдете огромен број фотографии кои ја слават убавината и естетиката на брендот, носени од жени со огромна самодоверба кои со гордост ги носат Клое креациите.

Иако дизајнерката Клер Вејт Келер некаде кон крајот на март ќе си замине од брендот и на нејзино место ќе дојде некој сосема нов, Клое девојките ќе продолжат да ги носат парчињата на модната куќа која денеска е една од најпопуларните во светот.

Клое девојки не се само познати актерки, пејачки или уметници, туку и други дизајнерки, жени од светот на бизнисот, манекенки и ИТ девојки кои често ги гледаме во нивни креации, но и во првите редови на ревиите.

Во галеријата погледнете ги фотографиите на некои од најпопуларните Клое девојки.

Објавено:
18 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
906 пати