Фантазија во бојата на годината - елегантна тоалета што ќе ве воодушеви!

26 мај 2020

Институтот Пантон за боја на годината ја прогласи класичната сина. Така оваа нијанса доби различни верзии во креативната индустрија, во светот на архитектурата, воедно и во светот на модата.

Оддава печат на грациозност, елеганција, престиж, а сите овие епитети може да му ги препишеме и на ова раскошно дизајнерско парче од Елена Лука, токму во бојата која ја обележува годината.

Тоалета која е олицетворение на фантазија. Со специфичен корсетиран горен ден изведен со плисе техника и длабоко деколте во V форма, споен со раскошен и волуменозен долен дел со карнери и висок шлиц, овој модел е дефиниција за врвен моден дизајн.

„Перфектната изведба и уникатниот дизајн се препознатливост на Елена Лука. Нашите клиенти, а генерално и јавноста, се запознати со фактот дека секое парче што го носи потписот на нашиот моден бренд, е изведено според највисоките стандарди. Изборот на висококвалитетни материјали и посветеноста и до најситни детали, секогаш го даваат совршениот резултат - тоалета која остава незаменлив печат", вели г-ѓа Елена Лука, креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.

г-ѓа Елена Лука, креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.

Сите сме во надеж дека наскоро ни следуваат поубави времиња, кога непречено ќе може да ги уживаме животните убавини, па затоа акцентот секогаш го ставаме на оптимизмот пропратен со уметност во сите нејзини форми.

Од 2008 година Елена Лука го гради својот идентитет на врвен и најголем моден бренд во нашата земја, кој ги постави на највисоко ниво стандардите во модата. Следејќи ги своите водечки постулати на беспрекорен и луксузен дизајн, нослива уметност и авангарден пристап во креирањето, Елена Лука се профилираше како светски, а наш бренд што ги диктира тековите во модниот свет кај нас.

Закажете го Вашиот приватен, ВИП термин доколку сакате тимот на Елена Лука да изработи за Вас уникат по мерка, во комплетно безбедна средина со максимално обезбедени услови и совршено пријатен амбиент во кој тимот целосно ви е посветен Вам.

 

Објавено:
26 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.415 пати