Првиот месец од годината е времето кога почнува ерата на новите модни трендови на кои ќе бидеме сведоци во годината што е пред нас.

Едно од основните парчиња што секоја жена треба да ги има во својот плакар се добро скроените фармерки кои супер и прилегаат и кои ќе може да ги носи во секоја пригода.

Вистински хит изминативе месеци, а се чини и оние што доаѓаат, се едноставните ретро класици на фармерки кои девојките ги обожаваа во минатите децении.

Според Инстаграм профилите на некои од најпознатите блогерки на денешницата, оваа 2017 година ќе носиме лежерни фармерки со висок струк и ногавици до глуждовите.

Ако ги прашате овие девојки, фармерките и следнава година ќе бидат неизоставен дел од комбинациите што ќе ги носиме, во комбинација со разни џемперчиња и секако, пролетни кошулки и лежерни маички.

Токму овој модел совршено одговара со сѐ, а светските блогерки особено ги обожуваат оние на познатата модна куќа Vetements со недовршени и асиметрично кроени рабови.

Нам ни се допаѓаат во секоја варијанта, а ако и вие сте обожавателка на фармерки со висок струк, тогаш ова ќе биде наша година. 

Објавено:
21 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
12.802 пати
Извор: 
journal