Fashionel селектира: плетени зимски здолништа

19 октомври 2015

Платенините се нашиот фаворит оваа зима! Независно дали се работи за плетени шалови, капчиња или џемпери, топлите и удобни плетенини се „must have" сезонава.

Но, она што особено ќе биде актуелно претстојниот период се плетените здолништа кои ни доаѓаат во голем избор на дезени и бои.

Комбинирајте ги со класична бела или џинс кошула, маичка со принт или со масивна плетена ролка, а се во зависност од пригодата.

Направивме избор на неколку популарни модели на плетени здолништа што веќе можат да се најдат и во понудата на нашите продавници, но зошто да не се обидете и да сплетете уникатни парчиња според вашиот стилски терк?

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.926 пати