Флуоресцентни бои повторно во игра

25 април 2013

 

Поделеноста на мислењата околу „неон-трендот” дали го враќа кичот од 80-те или е ултимативен современ изглед, сепак завршува со заклучокот: умереност во комбинацијата со бои. Никогаш нема да погрешите доколку енергичните флуоресцентни аксесоари ги смирите со парчиња облека во неутрални бои, или ако се одлучите за топ во силна боја, тогаш здолништето треба да балансира со приземјени тонови. Оваа сезона флуросцентно зрачеа и парчиња од новите колекции на Симон Роча, Ердем, Проенза Скулер и Антонио Берарди.

 

 

 

 

Објавено:
25 април 2013
Категорија: 
Тренд