Интензивната палета на силни бои ќе донесе „пролетно" расположение оваа есен. Но, за оние кои преферираат минималистичка естетика и сведен есенски изглед, безвременските елегантни комбинации во смирени тонови остануваат на врвот.
Покрај чистите линии и едноставните кроеви, „минималистичкиот" есенски пакет е надополнет и со неутрални нијанси, беж и земјени, кои во комбинација со црна доловуваат ефект на беспрекорен изглед.
Миксот на овие бои може да го прилагодите на сопствениот имиџ, па така да доминира една или друга нијанса, а остатокот да бидат присутни како акцент.
Дводелни одела во беж нијанса со црна ролка, црн фустан со потенциран струк со ремен во неутрална нијанса, комбинација со црн топ и беж панталони со висок струк, се само почеток во низата идеи... За повеќе, погледнете ја фото-галеријата.
Фото: Пинтерест