(Фото) Сите нијанси на сино во пролетната улична мода

7 мај 2022

Вибрантни и свежи, нијансите на сино носат оптимизам и убаво расположение во актуелната пролетна улична мода.

Генерално, пролетните тенденции доаѓаат во пакет со интензивен и доминантен колорит, па нијансите на сино хармонична ја надополнуваат таквата слика.

Секако тука припаѓаат и безвременските џинс комбинации, но и сите актуелни романтични макси фустани, мини здолништа, ленени кошули, комбинезони и блејзери.

Сино во комбинација со бело или црно или во посмели комбинации со интензивна жолта, зелена или розова – во секоја варијанта дава акцент и доза на впечатливост.

Една одлична солуција како да го освежите вашиот имиџ оваа пролет, е да направите простор во вашиот плакар за сини нијанси.

Објавено:
7 мај 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.562 пати