(Фото) Трендовите се минливи, но црниот фустан е вечен

4 мај 2022

Трендовите се динамични и брзо се менуваат. Но, истовремено, постојат неколку базични парчиња во модниот свет, со безвременски статус. Такви што секогаш се вредни за инвестиција и може да ги носите и по години, а да не изгубат од својата атрактивност.

Покрај џинсот и белата кошула, во низата безвременски е и елегантниот црн фустан.

Од популарните модели на Живанши што ги носеше Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани" до денешната улична мода, црниот фустан останува константа во инаку брзо променливата мода.

Моделите се менуваат и не се имуни на влијанието на тенденциите, но неговата есенција останува иста, реферирајќи на елеганција, женственост, класика...

Ова лето носиме црни фустани со свечена нота за посебни прилики, но исто така црниот фустан ќе го сретнете во бројни секојдневни варијанти, во деловни или кежуал изданија, изработен од пријатни, природни материјали што се преферираат особено во летната сезона.

Уште една допадлива карактеристика на црниот фустан е што лесно може да се комбинира, а со тоа и да се трансформира, па едно парче може да го планирате за различни поводи во различни комбинации.

Уникатен избор на елегантни црни фустани ќе најдете и на онлајн продавницата на нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА - www.elenaluka.com. Фантастични модели за свечени пригоди, но и такви во кроеви што лесно може да ги прилагодите во урбани и посекојдневни комбинации.

Дизајн на Елена Лука

Дизајн на Елена Лука

Издвоивме неколку модели и од актуелната улична мода, како дополнителна инспирација како оваа сезона да го комбинирате вашиот омилен црн фустан.

Објавено:
4 мај 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.833 пати